Скопје: Прегазил 16 годишна ученичка на пешачки пред училиште и побегнал

 

16 годишно девојче е повредено откако вчера околу 19 часот на неа наетал автомобил. Девојчето било прегазено додека ја минувало улицата на пешачки премин пред средното Димитар Влахов во скопски Аеродром. Очевидци за Press24 велат дека слушнале силен удар и шкрипење на гуми по што возачот побегнал. Иако имало многу очевидци, никој не усеал да ја забележи регистерската табличка на возилото со темна боја. 
Девојчето од случајните минувачи веднаш било префрлено во болница. Очевидците велат дека имала серија повреди но дека тие не и го загрозуваат животот.
Од МВР се уште немаме официјална потврда на случајот.

 

 

Оцени ја веста

20.03.2015 - 10:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега