Починал на лице место - страшна сообраќајка во Охрид
Уште една трагедија ја потресе Македонија. Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила утринава околу 8 часот кај охридското село Лескоец, дознава Курир.
Несреќата се случила кога патничко возило удрило во пешак кој се движел на коловозот, по што за жал починал на лице место.
Полицијата во моментов извршува увид по што ќе бидат познати повеќе детали.
Оцени ја веста
20.03.2015 - 09:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа