Компјутерска измама во Кичево - кичевчанец направил штета од 4.000 евра
46-годишниот Т.Ѓ. од Кичево со измама успеал да си заработи 4000 евра.
Кичевчанецот користејќи услуги за пристап на интернет, неовластено навлегол во компјутерскиот систем на фирмата „Гуи Дев“ ДОО Прилеп, кое се занимава со програмирање, изработка на ВЕБ страници и интернет електронски продавници, по што ги изменил и оштетил програмите за одржување на информатичкиот систем, а со тоа го отежнал и користењето на системот од страна на „Гуи Дев“ и на фирмите кои индиректно ги користат нејзините услуги.
Со ваквите неовластени активности пријавениот предизвикал материјална штета во износ од 4.000 евра.
ФОТО:Денешен