Мајката на Тони скршена: „Мојот син избегал од болница со фармерки а го најдоа гол со модрици"

 

Семејството на 25-годишниот Тони Карачовски кој избега од Душевната болница во Демир Хисар, по што беше пронајден мртов, ќе ја тужи болницата за неодговорност која нивниот син го чинеше живот. Како што пишува Дневник, семејството се сомнева дека некој го тепал младиот Тони пред да биде убиен.

- Кога го видов моето чедо со модринки душата ми се откорна. Сигурно бил тепан инаку од каде тие модринки на лицето и нозете, вели низ солзи мајката на Тони, Благица Корачовска која е скршена од болка по својот син. 

Несреќната мајка додава дека на Судска медицина кога и го отвориле телото со многу болка констатирале дека припаѓа на нејзиниот син, а сликата била ужасна.  За неа сеуште е мистерија зошто тој бил по маица и гаќи и зошто на нозете имал видливи модринки, како да бил тепан со нешто. Лицето му било посинето, очите отечени, а јазикот изваден надвор. На семејството не му било дозволено да го види телото на местото на настанот, но дознале дека Тони имал крената рака и делувал како да се бранел од нешто пред да почине.

Погребот на младото момче ќе се изврши денеска.

За потсетување, Тони завчера беше пронајден мртов во шума над селото Вардино, откако избега од душевната болница во Демир Хисар. 

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

19.03.2015 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега