Бугарка крадела на пазарот во Шутка

61-годишната В.О.Г. од Пловдив, Бугарија долго ќе го памети доаѓањето во Македонија. Според податоците, таа си заработи притвор во траење од осум дена бидејќи пред пет дена околу 11 часот и 30 минути на улицата ,,Индира Ганди“ на пазарот лоциран во населба Шуто Оризари, ја искористила гужвата, ја протнала раката во чанта и украла паричник.

Откако прегледала што има во паричникот Бугарката се обидела да го фрли во канта за отпадоци, но била забележана од полициските службеници од Отсекот за џебни кражби и веднаш била приведена.

 

 

Оцени ја веста

19.03.2015 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега