Пешак тешко повреден на Партизанска

 

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно осум сообраќајни незгоди.

Од нив, две се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда, а со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, тројца пешаци и еден велосипедист.

Се случила и една незгода во 13 часот и 30 минути на булеварот „Партизански одреди“ во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај ќе одржи сообраќајна поука со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по различни основи.

Исто така, денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни предавања во ОУ „26 Јули“ кое се наоѓа на територијата на општина Шуто Оризари со учениците од четврто одделение.

 

 

 

Оцени ја веста

19.03.2015 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега