Кој е Панче Орцев?

 

Пратеникот на СДСМ Панче Орцев, кој денеска од Струмица ја објави новата “бомба“ на СДСМ е човек кој е вплеткан во многу матни зделки  за кои пишуваа македонските медиуми.

Во време на неговото директорување со ЈП комуналец Струмица тој беше запомнет во јавноста како човек кој во голем број на случаи давал тендери и склучувал договори со фирми кои се во сопственост на високи функционери на СДСМ или се во блиски релации со Зоран Заев.

Во јавноста беше обелоденето дека за склучен договор во вредност од 3 625 053 денари со фирмата ДИКОР, која е во сопственост на Димчо Иванов , сопругот на Цветанка Иванова која е поранешен координатор на СДСМ во Собрание. Комуналец на чело со Орцев на ден 27.05.2011 исплатува 3 625 053 денари на фирмата ДИКОР ЦД ДООЛ Струмица, за партерно уредување на кванташкиот пазар во Струмица.

Исто така, јавноста беше запознаена и  за склучен договор во вредност од околу 1 милион денари со фирмата Еленица  која е во сопственост на фамилијата Заеви, и во чиј Управен одбор се Вице Заев, брат му на Зоран Заев и Трајче Заев, братучед на лидерот на СДСМ.

На списокот на добитници на тендери од Комуналец, во времето кога директор е Панче Орцев се јавува и фирмата Јавор-Шпед, која е во сопственост на фамилијата Крстеви, а Горан Крстев  се јавува како бизнис партнер на Заев во случајот „Глобал“, за кој Заев беше аболициран од Бранко Црвенковски

Панче Орцев давал тендери и на братучетката на Зоран Заев, Убавка Заева и тоа за набавка на корнишони од Тргопродукт, на фирмата Пелагонија каде што 36% сопственост има Трајче Заев, кој е братучед на Зоран Заев, како и на Клико градба на Кољо Клисаров, кој е близок соработник на струмичкиот градоначалник.

Токму овој човек, Панче Орцев и е познат на јавноста по кривичната пријава за затајувањето на данок во вредност од 112 илјади евра во времето кога како директор на ЈПКД Комуналец – Струмица продавал дуќани во локалот Глобал.

Според обвинителниот акт КО бр 221/2013 во текот на 2008 година обвинетиот Орцев како управител на струмичкото кумунално претпријатие во име на претпријатието не платил ДДВ во вкупен износ од 7.486.273 денари за тоа што во периот од 1 јуни 2008 до 30 јуни 2008 продал 38 дуќани во ТЦ Глобал за 41.590.407 денари, кои не ги евидентирал во книговодствената евиденција, не ги впишал во годишната даночна пријава не пресметал и платил ДДВ.

 

 

Оцени ја веста

18.03.2015 - 18:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега