Од наредниот месец обуки за млади за унапредување на квалитетот на работната сила
Квалитетот на работната сила кај младите ќе се подобрува со обуки за унапредување на нивните практични знаења.
Обуката ќе се спроведува од крајот на наредниот месец од страна на Министерството за економија во соработка со професори од универзитетите и менаџери од успешни компании.
На конкурс што за таа цел ќе го објави утре Министерството за економија, ќе може да се пријават лица на возраст од 18 до 28 години.
- Се надеваме дека со планираните обуки ќе придонесеме за подобрување на квалитетот на работната сила, рече Сарачини..
Моментно на македонскиот пазар на труд, според презентираните анализи, најбарани се кадрите од информатичко-комуникациските технологии и од стручните училишта. Во тек се огласи со кои се отвора можност за три илјади вработувања.