Шок во викендицата: Во својот кревет пронашол мртов бездомник

Запалив светло и здогледав непознат маж со долга брада на мојот тросед, раскажува Милорад Трифунац кој после четири месеци отишол на викенд во неговата куќичка во Кикинда, Србија.

- Се уште не можам да дојдам при себе. Испив четири таблети за смирување, но речиси ни око не затворив. А како би - вели Милорад (67), кој пред две вечери во креветот во својата викендица во Кикинда пронашол леш од непознат маж. 

Лекарите на Итната помош утврдиле дека мртвиот човек во креветот таму лежел два до пет дена. Меѓутоа, Трифунац вели дека не било само тоа непријатно изненадување.

- Во куќата наидов на вистински хаос. Бурињата кои беа полни со ракија околу 200 литри ја нема од бурињата. Немам поима дали ракијата ја испил или ја продавал,рекол Милорад. 

 

 

 

Оцени ја веста

18.03.2015 - 09:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега