Погребан таксистот со македонско потекло: „Би возел и без да му дадат денар, ваков човек ретко се раѓа"

Тага и жал ја оковаа Србија, погребан таксистот со македонско потекло кој беше брутално убиен со шест истрели од автоматска пушка. Тажна поворка сочинета од 40 такси возила, најблиските пријатели и колеги се простија од својот пријател и го испратија во вечното живеалиште.

- Секогаш беше добар со сите и се трудеше да помогне за се што може. Сигурен сум дека ќе го возел убиецот и без да му даде денар. Беше човек каков што ретко се раѓа, велат најблиските, пренесе српскиот Курир.

За потсетување, Чире Тренески беше убиен со неколку истрели од пушка, откако убиецот Мирослав се качил во неговото возило и не сакал да му плати за услугата. Потоа, влегол во неговото такси, но не можел да го запали автомобилот, па еден човек кој се нашол во близина сакал да му помогне, но и тој настрада на местото на убиството.

Грозоморниот настан ја потресе Србија.

 

 

Оцени ја веста

18.03.2015 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега