Нешкова: На Груевски вчера му се случи народ, но и во претходните години му се случуваше народ

 

На Груевски навистина му се случи народ. Целото негово владеење покажува дека тој сака да комуницира со граѓните. Тој не игра со поединци и покажува дека не носи одлуки кои лично го засегаат. Вака новинарката од Дневник Катерина Нешкова во емисијата „Кворум“ на Радио слободна Македонија ја коментираше вчерашната трибина на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

98500Untitled-4

Навраќајќи се на владеењето на Груевски, Нешкова посочува дека ВМРО-ДПМНЕ и во перидод кога не се очекуваа избори и кога немаше политички превирања, владејачката партија организираше трибини и премиерот и неговите министри беа со граѓаните.

За целата ситуација, според  Нешкова мора да има и судска и политичка разрешница. Правна разврска вели мора за да се уверат граѓаните дека функционираат институциите, а во делот на политичкиот расплет не ја исклучува можноста за дијалог за кој од владејачката партија потенцираа дека се подготвени , но тој да биде на принципиелни основи.

 

 

Оцени ја веста

16.03.2015 - 18:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега