Зад киднапирањето на Маша стои „холивудско сценарио" - зошто била киднапирана?

Драмата која ја потресе цела Србија откако беше киднапирано мало детенце, почна да добива филмски размери. Киднапирањето никого не остави рамнодушен, а причината за истото е дефинитивно „холивудско сценарио".

Според податоците на српскиот Курир, двегодишната Маша која беше грабната од прегратката на мајка си кога се враќале од продавница, парот кој ја киднапирал ја видел преку Интернет. Маша била искористена за да добијат старателство врз детенце од Франција, верувале или не, идентично како неа. Тројцата киднапери кои набрзо по несреќниот настан без уапсени, се од исто семејство. Тие се упатиле од Франција во Србија по Маша, бидејќи многу личи на детето над кое сакале да добијат старателство. Мажот имал семејни проблеми и при бракоразводната парница му било одземено детето. Киднаперите сакале со крвта на Маша да докажат дека таа не е на човекот кој ја чува и да му ја земат.

За среќа, полицијата во петокот стави крај на драмата која ја потресе цела Србија.

 

 

Оцени ја веста

16.03.2015 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега