Продолжениот викенд ги наполни плажите во Дојран

 

Продолжениот празничен викенд во Дојран ги наполни плажите, иако за ова летувалиште летната туристичка сезона официјално сеуште не почнала.

Дојран е речиси полн од домашни викенд туристи, но и од туристи претежно од Србија кои на пат кон Грција се задржуваат по два три дена и се интересираат за условите за летување на дојранското крајбрежје.

Инаку, синоќа во Нов Дојран почна манифестацијата „Летно кино“, која се одржува прв пат. На отворена сцена дојранчани и туристите го проследија филмот “Трето полувреме“ на режисерот Дарко Митревски.

 

најчитано сега