Груевски до Заев: Нема да добиете македонско-македонски конфликт
Премиерот Никола Груевски денес му порача на лидерот на СДСМ, Зоран Заев дека граѓаните нема да потпаднат под провокации.
Тој истакна дека опозицијата ќе проба да игра со меѓуетничките односи бидејќи другото не им успеа.
-Мора да сме мирни и да не потпаѓаме на провокации. Тоа е крајна цел. Тие нема да добијат македонско - македонски конфликт, па ќе пробаат нешто друго. Но нема да дозволиме. Мора на сите да им биде јасно. Лажна е претставата дека ова е битка за живот или смрт. Така сакаат нашите опоненти да изгледа. Не. Се е сосема едноставно. Се зависи од од сите нас, секој еден граѓанин и од еден миг на одлука во нашите срца. Таа одлука ќе ја запре оваа психоза која сакаат да ја рашират меѓу народот. Ќе ја запре лажната неизвесност која сакаат да ја креираат. Тоа е одлуката да се вратиме на реалните потреби и проблеми во државата, да бараме решенија како нашите граѓани да имаат подобар и поквалитетен живот. Колку ќе трае ова зависи од еден момент, една секунда, кога ќе одлучиме дека нема да му дозволиме преку нашето внимание, овој човек марионета да ги контролира судбините на сите во државата и да ја држи во заложништво цела држава, истакна лидерот на владејачката партија.
Груевски испрати порака до членството на СДСМ и до сите оние кај кои има некаква неизвесност. Тој вели дека ги разбира, и ги слуша и прифаќа нивните критики.
-Нема да дозволам да не закрват, по ниедна цена тоа нема да се случи. Инспираторите тоа го сакат. ВМРО-ДПМНЕ тоа нема да го дозволи. Во името на се она во што верува, во името на идеалите на историското ВМРО кое е на сите наши граѓани патриоти. Нема да дозволиме да не закрват и испровоцираат. Една од целите на тие што го измислија ова е и да се замрзнат вработувањата, да се замрзнат инвестициите, да се замрзнат сите проекти. Е тоа нема да пројде. Тоа нема да го дозволиме. Да не вратат назад. Тоа не може, порача Груевски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа