Заев исплашен од народот сака да спинува преку евтини “смутови“
Опозицискиот лидер Зоран Заев очигледно исплашен од народот и масовната поддршка која ВМРО-ДПМНЕ ја добива на трибината која во моментов се одржува и на која според првичните проценки присуствуваат околу 50.000 граѓани, се обидува да спинува преку евтини “смутови“.
Одговарајќи на новинарско прашање дали е исплашен од денешната масовна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, Заев одговори дека граѓаните во и пред „Борис Трајковски“ биле собрани на сила.
-Денеска сите гледаат како под закана и присла се носат административци да бидат присутни на некакво си обраќање, рече Заев.
После ова, прашањето кое се поставува до Заев е како на сила се собираат 50.000 граѓани? Тоа не е исплашен анрод, туку горд народ со достоинство и чест. Лидерот на СДСМ воедно ги навреди и големиот број граѓани кои денеска масовно излегоа да дадат поддршка за политиките на Владата, против неговата деструкција и дестабилизација.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа