Голем собир на ВМРО-ДПМНЕ во СЦ „Борис Трајковски“
ВМРО-ДПМНЕ денеска напладне ќе одржи трибина на која ќе се обратат лидерот на партијата и премиер Никола Груевски и други нејзини членови.
Според информациите од ВМРО-ДПМНЕ, иницијативата за големиот собир што ќе се одржи во СЦ „Борис Трајковски“ дошла од општинските комитети.
- Јавноста низ целата држава ќе има можност да ги чуе позициите на партијата за повеќе актуелни теми и предизвици, ќе се испратат јасни пораки, за она што се залага и за она што го планира во наредниот период, стои во текстот објавен на веб-страната на ВМРО-ДПМНЕ.
Влезот на настанот во салата „Борис Трајковски“ е слободен за сите граѓани на Македонија, поддржувачи и симпатизери на партијата.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа