Зошто Заев на трибината излажа за кривичната- сакаше ли јавно да му се закани на бизнисменот?
Јавноста се уште чека на одговор од Зоран Заев и СДСМ зошто чекале година и половина за да го пријават случајот за нудење поткуп.
Зошто Заев и неговата партија чекале полицијата прва да поднесе кривична пријава против него за барање поткуп од 200 илјади евра, а потоа тој преку својот адвокат да поднесе контра кривична пријава за лажно пријавување и нудење поткуп против струмичкиот бизнисмен.
Бизнисменот кој барал приватизација на градежно изградено земјиште пријавил дека Зоран Заев му побарал 200 илјади евра поткуп уште на 20-ти декември 2013 година. За разлика од него, Заев ваквиот случај во полиција го пријавува година ипол подоцна од бизнисменот и дури неколку дена подоцна откако ја излажа јавноста дека навистина го сторил тоа.
Лидерот на СДСМ во вторникот во Универзална сала обвини дека бизнисменот повеќе од една година се обидувал да го поткупи. Но, се поставува прашењето зошто Заев молчел до сега и дури вчера пријавил? Се отвара и дилемата зошто Заев излажа дека веќе има пријавено во неделата, а дури вчера го пријави?
-Вчера со секретарот на општина Струмица, со шефот на кабинет на градоначалникот на општина Струмица, го направивме записникот, го пријавивме и архивиравме предметот, изјави Заев во вторникот (10.03.2015) во Универзална сала, за утредента да се демантира самиот себе си со изјавата: „Се подготвува кривична пријава која ќе биде доставена од моја страна“, дадена во средата (11.03.2015).
Од МВР, во вторникот информираа дека лидерoт на опозицијата Зоран Заев е осомничен за примање поткуп од 200.000 евра.
-Имено, пријавениот во периодот од месец ноември 2013 година до денес, во својство на службено лице Градоначалник на Општина Струмица, на лице од Струмица директно за себе и за друг, му побарал подарок од значителна вредност во износ пресметан од по 2 (две) евра за еден метар квадратен градежно земјиште во Струмица, за кое оштетениот бил заинтересиран да го приватизира, истакна портпаролот на МВР Иво Котевски.
Заев од говорницата во Универзална сала призна и дека му се јавил на бизнисменот, за потоа јавно да му го објави семејното име, не пазејќи ниту на децата.
- Денеска му се јавив на бизнисменот и му реков „како не ти е срам, дедо си внуче имаш, рече Заев.
Останува отворено прашањето дали со тоа што на отворена сцена говореше за бизнисменот кој го пријавил за барање поткуп, Заев сакаше јавно да му се закани на струмичкиот бизнисмен? Ова се дилемите кои се отвораат за случајот, а на кои СДСМ се уште нема дадено одговори.
Портпаролот на СДСМ не сакал дополнително да коментира за случајот поткуп, меѓу Зоран Заев и бизнисменот од Струмица. Во телефонски разговор за Сител изјавил: Колегата вчера кажа се`, јас нема што да додадам.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по којзнае кој пат е фатен во лага. Дали Заев се обиде да ја сокрие вистината со лажни тврдења , па уште еднаш се заплетка во невистините и индиректно го потврди сомнежот дека барал пари да му заврши работа на Струмичанецот кој случајот го пријавил уште на 20-ти декември 2013-тата?
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа