ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ избрка 200.000 луѓе од работа, не остави ниту еден проект зад себе

 

Дрскост е тоа што СДСМ, партијата која нема ниту еден проект зад себе, да ги критикува тие кои што градат во моментот и имаат оставено многу проекти зад себе, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во време на СДСМ не се градеа ниту гасоводи, ниту патишта, ниту железнички пруги или било каква друга инфраструктура. СДСМ ги држеше граѓаните во економско ропство, притоа избркаа 200.000 луѓе од работа, затворија стотици стопански капацитети во сите делови на Македонија, спроведоа криминална приватизација и им овозможија на своите олигарси да го приграбат општествениот капитал, додека стандардот на граѓаните стрмоглаво опаѓаше. Ете тоа е резултатот на владеењето на СДСМ, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Кога имаа прилика било што да направат за граѓаните и за државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ, тие годините на власт и милиони евра буџетски пари ги потрошија на лично богатење и создавање партиска олигархија.

-Нас не нé интересираат критиките од класични неработници, туку нé интересираат потребите на граѓаните. Оттука ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и ќе продолжи да гради автопати, да гради локални и регионални патишта, да инвестираме во водоводи, канализации, во изградба и реконструкција на училишта, болници, градење на железнички пруги и изградба на гасоводната мрежа во државата и уште стотици други проекти за доброто на граѓаните и за Република Македонија, се додава во реакцијата.

 

 

Оцени ја веста

14.03.2015 - 19:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега