Џафери: Со нови знаења и пријателства од воениот „Летен кампус 2013”

 

Ова е доказ дека армиите, министерствата за одбрана и претставниците на земјите учеснички од регионот заедно со земјите пријатели во меѓународниот воен камп „Летен кампус 2013” можат заеднички да се обучуваат и да се стекнат со нови знаења за да се справуваат со конфликтни ситуации, изјави министерот за одбрана Талат Џафери на стрелиштето „Брест“ на армискиот полигон „Криволак“ по затворањето на меѓународниот воен камп „Летен кампус 2013”.

На стрелиштето „Брест“ се одржа показно-тактичка вежба на тема „Мултинационални сили за задача (чета) во изведување на операции за поддршка и стабилизација”.

- Ова е уште еден доказ дека земјите и народите од регионот можат да соработуваат во справувањето со различни ситуации. Ние и во иднина ќе имаме вакви заеднички активности кои ќе не зближуваат, истакна Џафери.

Вежбата беше последна фаза од кампусот на кој студентите и питомците имаа можност да се стекнат со одредено академско ниво во доменот на постконфликтните операции, а особено од меѓународните организации како НАТО и ЕУ. Покрај тоа учесниците на кампусот се запознаа и со дел од мерките, постапките и напорите за справување со дополнителни предизвици кои се надвор од мисијата, како што се хуманитарни операции, справување со елементарни непогоди, работа со медиумите.

- Имавме теоретски и практичен дел. Овие искуства младите подоцна ќе ги применуваат во пракса. Цел на сите нас е борбата против тероризмот и зачувувањето на мирот во светот. За десет дена имавме околу 250 претставници, од 6 земји и тоа од Македонија, САД, Велика Британија, Косово, Бугарија, Црна Гора, рече полковник Дојчиновски, додавајќи оти бројот на заинтересирани за оваа активност секоја година расте. 

ФОТО: Денешен 

најчитано сега