Јакимовски: СДСМ иако бара техничка влада, моли да нема избори зошто ќе ги загуби
Актуелниот градоначалник на општина Карпош и поранашен функционер на СДСМ, Стевче Јакимовски, смета дека дури и доколку утре има избори, дека опозицијата ќе ги изгуби истите, бидејќи како што рече тие немаат програма и во недостаток на истата и на кративни идеи и проекти се обидуваат на разни начини да дојдат на Власт.
Тој ова го посочи во емисијата „Анализа“ на 24 Вести, доадавјќи дека сонот на СДСМ да дојат на власт на ваков начин нема да се оствари.
- Тој сон којшто опозицијата си го има некој друг да ги организира изборите само за да можат тие да дојдат на власт, мислам дека малку тешко им се остварува. И нормално дека се обидуваат со разно-разни средства како да се доберат до Власт. Јас сум далбоко убеден дека и ако утре има избори дека опозицијата пак ќе ги изгуби изборите, рече тој.
Граѓаните, како што посочи тој, ги ценат проектите и делата а не објавените афери.
- Јас сум далбоко убеден дека тие молат Господ да нема техничка влада бидејќи тие избори повторно ќе ги изгубат, оти граѓаните ценат за тоа кој треба да дојде на власт по многу параметри, а не по тоа дали некој објавил некоја афера, туку во исто време што нуди за граѓаните, посочи Јакимовски во емисијата „Анализа“.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа