Косово наскоро ќе добие визна либерализација

Комесарот на ЕУ за миграција, внатрешни работи и државјанство Димитрис Аврамопулос рече денеска за време на посетата на Приштина дека не е далеку денот кога Косово ќе добие визна либерализација за своите граѓани.

Аврамопулос во Приштина имаше средби со претседателката Атифете Јахјага, премиерот Иса Мустафа и министри.

На заедничка прес конференција Аврамопулос изјави дека очекува косовските институции да продолжат со борба против корупцијата и да направат конкретни реформи за да може државата да добие визна либерализација.

Министерот за европски интеграции Беким Чолаку изрази надеж дека до крајот на годината Косово ќе добие визна либерализација.

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 15:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега