Пусиќ: Без посебни критериуми за Србија за ЕУ

Шeфицата на хрватската дипломатија Весна Пусиќ денеска изјави дека Загреб нема да воведува посебни критериуми за Србија во текот на преговорите за влез во Европската унија туку ќе очекува Белград да ги исполни сите услови што Хрватска морала да ги исполни.

Пусиќ оцени дека постои постои обострана желба да се сретнат хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ и шефот на српската држава Томислав Николиќ.

- Тие се избрани на тие функции и тие треба да се грижат за меѓусебните односи на двете држави, посочи Пусиќ.

Таа пред состанокот со српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ во Загреб изјави дека тоа може да биде чекор напред во односите на двете држави. Пусиќ посочи дека можно е една од темите на разговор да биде размената на заробеници на која се согласи Хрватска, како и идентиофикација на исчезнатите лица. 

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 15:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега