ВИДЕО: Фасцинантна слика на силата на природата - Ураган дигна во воздух водопад во Хрватска

Бурата која се случи минатата недела во Хрватска, создаде несекојдневна слика која нема човек на планетава што не би останал без здив.

Орканската бура, минатата недела во Хрватска рушеше дрва, фасади, носеше автомобили со себе... Но, создаде и еден природен феномен кој беше снимен од страна на случајните минувачи.

Имено на Jutube се појави снимка на која се гледа несекојдневна сцена на водопадот Тополски бук, кој на три и пол километри е оддалечен од Книна. 
Ветерот кој беснееше, го промени правецот на водата која сливаше низ водопадот, па водата покрај нормалниот пад, се дигаше и во воздух.

Водата се вивна десетина метри во вис, а оваа надреална сцена ја забележа еден корисник на Joutube

Погледнете го видеото:

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега