Трагедија: Си ги убил сопругата и бабата, па самиот си пресудил

Емилијано Рустеми од Тирана утринава поради семејни проблеми ја убил неговата сопруга и мајка и, а потоа извршил самоубиство. 

Според информациите на полицијата од Тирана, 33-годишниот Рустеми со пиштол ја усмртил сопругата Изаура Рустеми (28) и нејзината мајка Енѓелуше Шаќири (55), а потоа се убил и себеси.

Се претпоставува дека до трагедијата, која се случила во дел на градот по име Лапрака, дошло поради несогласување во семејството, а за време на трагедијата во куќата се наоѓале и трите деца.

Познато е дека Рустеми се доселил во куќата на мајката на сопругата пред неколку недели, а утринава до убиството дошло откако во куќата избила караница.

Рустеми од порано и е познат на полицијата, а поради кражба бил осуден на една година затвор.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега