Вучиќ тврди дека Србија ќе биде 29 членка на ЕУ без да го признае Косово

„Но не сме подготвнеи да Косово го признаеме како независна држава. Се надевам дека Брисел не очекува само отстапка од Србија“, изјави премиерот на Србија Вучиќ.

Премиерот на Србија Александар Вучиќ е целосно уверен дека Србија ќе биде 29 членка на ЕУ, укажувајќи дека не е прашње дали Загреб ќе влијае на патот кон ЕУ, туку нивната заедничка иднина, односно истакна дека стабилноста е клучен збор во неговата политика.

„Србија одлучно се движи на курсот кон ЕУ“, изјави премиерот во интервју за „Noje Ciriher Cajtung“, и додаде дека Србија ќе ги исполни своите задачи, и дека на тој пат ќе напредува.

На прашњето дали очекува Загреб да го поддржи пристапниот процес на Србија кон ЕУ, Вучиќ нагласи дека никогаш не ги критикува соседните земји.

„Соседите на Србија ги гледам како страна со која морам да се соочам. И покрај поедини несогласувања, во последните месеци мораме да ги подобриме нашите односи. Не се грижам поради влијанието на Загреб на нашиот пат кон ЕУ, тулу поради нашата заедничка индина“ вели премиерот.

Тој подвлече дека применува стратегија на нереагирање на провокации. Вучиќ примети дека српските новинари неодамна посакаа да го извлечат неговит став за тоа што хрватската претседателка Колинда Китаровиќ изјавила дека сите Срби во Хрватска се Хрвати.

„Треба да и дадеме уште време. Таа сепак е од неодамна избрана. Ние молчиме затоа што ни е важна стабилноста на Западниот Балкан. Стабилноста е клучна реч во мојата политика“, подвлече Вучиќ.

Што се однесува до Косово, потсети дека е покренат дијалог, и дека Србија направила многу компромиси кои жителите на Србија не биле задоволни, но тоа го направиле на најдобар можен начин, за да животот и безбедноста на српското малцинство на Косово го заштитат, и на Србија и се овозможи пат кон ЕУ.

Но, не сме подготвени да го признаеме Косово како независна држава. Се надевам дека Брисел не очекува само отстапка од Србија - нагласи Вучиќ додавајќи дека не мислење што Косово де факто е независно.

„Српско-албанскиот однос е од големо значење за западниот Балкан, но не е најголем проблем на регионот - подвлече премиерот додавајќи дека се работи за работи кои немаат директа врска со Србија.

Како што додаде, другите земји во регионот, не наведувајќи на кои мисли, имаат поголеми проблеми.

Вучиќ повтори дека Србија безусловно го поддржува територијалниоте интегритет на БиХ и дека РС е дел од Босна.

Тоа го рече и претседателот на РС Милорад Додик и тоа не само еднаш туку десет пати. И како што знаете јас сум првата личност која го посети Сараево од странците“, потсети тој.

 

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега