Најлудата српска банда - крадат ајвар, секири, кофи со мед

Ме следеа, потоа дојдоа во домот и ме малтретираа најмалку два дена и две ноќи. Направија вистинска гозба, па дури и лебот го испекоа, спремаа чорба и супа, зготивја јајца, и спремаа салата“, вели Срџан Јовиќ, жртва на грабежот од селото Моштаница кај Врање.

Оваа зима непознати арамии во селото направија вистински пустош, обиле и ограбиле дури 14 куќи на угледни селски домаќинства.

Дека се работи за добро огранизирана банда покажува и фактот што куќата на еден од жителите, Миодраг Михајловиќ, е обиена три пати, а Златка Стаменковиќ два пати за два месеци.

По секоја провала полицијата направила записник, но, се се заврши на тоа, затоа што ниту еден од крадците не е пронајден, ниту пак полицијата се огласува по поводот на овој проблем.

Иако Моштаница важи за сиромашно село, крадците само во еден случај не го промашија пленот и украле многу пари. Однеле се што им дошло под рака, па така исчезна еден мотокултиварот, па казан за печење ракија од 100 литри, но и две стари бакарни канти за прскање, бежичен телефон, 30 тегло ајвар, „два тепиха“, тешка секира за дрво, неколку кофи мед и др.

На секоја од обиените куќи, скршени се врати, прозори, оштетен е намештај, искинати се завеси, извалкани се ѕидовите, упропастена е гардеробата. Луѓето во старв, се чувствуваат незаштитени и немоќни. Многумина ги избегнуваат новинарите и неретко зборуваат приказни од страв за нова одмазда.

Миодраг Михајловиќ вели дека не знае дали се тоа две групи на крадци, но верува дека се организирани по принципот на тројки.

 

Тие се добро известени кој од нас не е дома во одредено време, а особено се информирани за празните домови за време на викендите“, вели Михајловиќ.

Срџан Јовиќ објаснува дека цела недела е во Врање, а само за викедн доаѓа да ја види куќата.

 

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 12:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега