ВИДЕО: Девет години од смртта - вака живееше Слободан Милошевиќ

Поранешниот претседател на Србија и СР Југославија умре од инфаркт во својата ќелија во притворот во Хашкиот трибунал. Во среда на 11 март се навршуваат девет години од смртта на екс претседателот на Србија и Југославија обвинетиот Слободан Милошевиќ.

Милошевиќ умре од инфаркт во својата ќелија во притвор во Хашкиот трибунал за време на судењето за воени злочини и злочини против човештвото на Косово и Хрватска и за геноцид во БиХ. Поради тоа што градските и дражвните власти не даода дозвола која ја побараа семејството и високите функционер Социјалистичката партија на Србија да не се погреба во Белград со државна почест, тој е погребан во дворот на семејната куќа на неговата сопруга Мирјана Марковиќ во Пожаревац.

По повеќечасовно проштевање и говор во Белград и Пожаревац, погребот беше извршен во зорите. На погребот, кој е објавен без верски обред, не присуствуваа никој од членовите од најблиското семејство, затоа што, како што наведоа, не добиле гаранција за својата безбедност. Сопругата Мирјана, ја напушти земјава на 23 фебруари 2003 година, а синот Марко замина веднаш откако Милошевиќ на 5 октомври 2000 година, беше принуден да признае пораз на изборите за претседател на СР Југославија. И двајцата денеска живеат во Русија, а ќерката Марија во Црна Гора. На Мирјана Марковиќ и се суди во отсуство поради злоупотреба на службената положба и за неа е распишана потерница.

Потерницата беше распишана и за Марко Милошевиќ, кој, исто така, во отсуство му се судило во Пожаревац, по обвинението на тројцата „отпорници“, но во меѓувреме е ослободен од сите обвиненија поради апсолутна застаранеост.

На погребот присуствуваа најголеми функционери на СПС, покрај покојниот претседател на социјалистите Ивица Дачиќ, како и тогашниот заменик на претседателите на СРС Томислав Николиќ, претседателот на руската Комунистичка партија Генадиј Зјуганов, и пратеникот на Дума Сергеј Бабурин и генералот Леонид Ивашов, како и екс американскиот државен обвинител Ремзи Кларк.

Телото на Слободан Милошевиќ е префрлено од Хаг во Белград на 15 март 2006 година, а наредните дена ковчегот со телото беше изложено во Музеј „25 мај“, во оквирот на музејскиот комплекс во белградската населба Дедиња. Илјадници луѓе минаа покрај ковчегот. Истиот ден повеќе од десетина илјади посетители, му оддадоа почит на екс претседателот на Србија и Југославија собирајќи се пред Народното собрание во центарот на Белград, каде на бината беше изложен ковчегот со неговото тело.

Камен меѓникот за деецниски долгата кариера на Милошевиќ е говорот на 28 јуни 1989 година на Газиместан, на Косово, на прославата на 600 години Косовската битка на која присуствуваа околу милион луѓе. Набрзо потоа следеше распадот на СФРЈ, прво кратката словенска војна, па две разорни во Хрватска и БиХ и на крајот конфликтот на Косвоо и НАТО бомбардирањето на СР Југославија.

Беше неприкосновен лидер на Социјалистичката партија на Србите (СПС), два пати претседател на Србија, а потоа и претседател на СР Југославија. Десетгодишното автократско владеење на Милошевиќ е завршено во 2000 година, со победа на кандидатот на здружената Демократска опозиција на Србија (DOS) на Воислав Коштуница на изборите за претседател на СРЈ.

По победата на DOS на тие избори, 24 септември 2000 година, не сакајќи да признае пораз, СПС, и нејзиниот лидер предизвикаа постизборна криза која беше закана за граѓанска војна во Србија. Кризата беше завршена на 5 октомври по масовните демонстрации на граѓаните ширум Србија.
Уапсен е на 1 април 2001 година поради злоупотреба на службената положба, неполни шест месеци откако заврши неговото владеење. Во мај 1999 година, во текот на НАТО бомбардирањето, Хашкиот трибунал подигна обвинение против Милошевиќ поради злочините за време на конфликтот на Косово, а две години обвинение против злочините во Хрватска.

На крајот на 2001 година обвинет е и за геноцид над муслиманите и Хрватите во БиХ. На основа на Уредбата на Владата на Србија, Милошевиќ во Хашкиот трибунал е испорачан на 28 јуни 2001 година, точни 12 години по говорот на Газиместан. Судењето на Милошевиќ во Хаг почна на 12 фебруари 2002 година.

СПС, чиј лидер бил од самото основање, повторно се врати на власт во јули 2008 година, кога е формирана коалиционата влада на премиерот Мирк Цветковиќ, во која СПС доби четири министерски места, а лидерот на партијата Ивица Дачиќ стана заменик премиер и министер за внатрешни работи. Четири години претходно, во март 2004 година, владата на премиерот Воислав Коштуница, е избрана со подршка на пратениците на СПС.

Во јули 2012 година Дачиќ е избран за премиер на Србија и министер за внатрешни работи во коалиција со СПС, а и Српската напредна партија (СНС). Во новата влада премиерот Александар Вучиќ лидер на СПС Ивица Дачиќ е шеф на дипломатијата и потпретседател на Владата.

 

 

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега