Нарко дилери во српскиот ракомет!

Српскиот ракометен судија Милош Трајановиќ е уапсен поради поседување на хероин, пишуваат тамошните медиуми.

Српскиот ракомет доживеа уште еден удар на достоинството и традицијата која со години ја градеше, а која се повеќе се руши. Нова црна дамка е фрлена на трофејниот спорт во оваа земја, а станува збор за чист криминал, пишуваат тамошните медиуми.

Поранешниот ракометар на Партизан, сега судија Милош Трајановиќ е уапсен поради поседување на хероин. Кај него била пронајдена поголема количина од опојната дрога, дури 1320 грама.

Трајановиќ е лишен од слобода уште на 27-ми февруари, а од тамошното обвинителство сега го потврдиле овој случај.

Трајановиќ ја делел правдата во најсилната лига во женската конкуренција во Србија.

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега