Вонредна состојба во Грција

Во регионот на Серес во северниот дел на Грција денеска е прогласена вонредна состојба по неколкудневните обилни врнежи од дожд кои уништија многу посеви и поплавија делови од патната мреж, пренесе МИА.

Според проценка на технички тимови кои ги посетија најтешко погодените општини во регионот, во десетици села поплавени се најмалку 5.000 хектари обработливо земјиште. Штета е евидентирана и кај системите за наводнување и одводнување, на руралните патишта и мостови.

Регионалните власти исто така предупредија дека водата во езерото Керкини е на опасно високо ниво, и состојбата постојано се следи.

Заменик гувернерот на Серес Јанис Моисидис изјави дека властите не ја отфрлаат можноста за отворање на браната Керкини за да се намали притисокот на вештачкото езеро.

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 11:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега