Љубовна трагедија: Поради љубомора убиена докторка во својата ординација на Косово

28 годишниот В.Н. вчера вечерта во Здравствениот дом во Зубин Поток, во Косовска Митровица со неколку истрели од пиштол ја убил 29 годишната докторка Душанка Андријевиќ. Како што пишуваат локалните медиуми, докторката била убиена  на своето работно место. Напорите на нејзините колеги да ја реанимираат останале без успех.
Убиецот по кратко време бил уапсен од полицијата. Кај него бил пронајден и пиштолот за кој полицијата се сомнева дека е користен во убиството.
Мотивот за убиството најверојатно е љубомора, бидејќи како што пишуваат локалните медиуми, убиецот и жртвата порано биле во љубовна врска

 

 

Оцени ја веста

10.03.2015 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега