Грција: Македонија ја нема на агендата на јунскиот Самит на ЕУ
Во Грција денеска се пренесува веста која ја објави МИА дека Македонија во јуни нема да добие датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија, објавува МИА.
Грчките медиуми пренесуваат дека извори од ирското претседателсто за МИА изјавиле дека на Самитот на Eворпскиот совет на 27 и 28 јуни нема да има ниту заклучок, ниту датум за преговори.
- Членките на ЕУ го изразија нивниот став дека сега не е време земјата да се придвижи напред од претходните позиции. За отворање на преговорите се потребни и добри билатерални односи со соседите, но немаше прогрес за Европскиот совет да донесе позитивна одлука, пренесуваат медиумите.
Оваа изјава на извор од ирското престедателтво за МИА ја пренесуваат речиси сите релевантни грчки медиуми.
„Катимерини“ потсетува дека Македонија е кандидат за членство во Унијата од 2005 година.
- Обидите на земјата да влезе во ЕУ и НАТО со години се заложници на долготрајниот спор со Атина за името на земјата, кое Грција сака да се смени затоа што е исто како името на северната грчка провинција, пишува весникот.
Економскиот е-весник „Вориа“ го цитира поранешниот претставник на ЕУ во Македонија Ерван Фуере, кој изјавил дека Македонија овој месец нема да добие датум за почеток на преговорите поради политичката криза и недостигот на политички дијалог