ВИДЕО: Заев сам призна дека и да биле изборите фер, пак ќе изгубеле

 

Лидерот на СДСМ Зоран Заев преку денешната прес-конференција сакаше да ја убеди јавноста дека изборните процеси не биле регуларни. 

Заев денеска се обиде да создаде слика дека некој му ги украл изборите, но изгледа зборави дека веднаш по изборите, самиот тој во емисијата „Вин Вин“ на Оливера Трајковска призна дека и да не биле слабостите за кои тој обвинува, изборите сепак ќе ги добиеше ВМРО-ДПМНЕ.

Смешно е денес Заев да зборува за нерегуларности, кога самиот призна дека неговата парија секако ќе ги изгубела предвремените парламентарни избори, меѓутоа како што рече, разликата ќе била помала, односно дека според него, СДСМ ќе освоела 20-30 илјади гласа помалку од ВМРО-ДПМНЕ.

- Четиристотини илјади на 420-430 за Груевски и владејачката партија. Тоа е вистинскиот резултат, тоа го кажувам многу често, не победа, заради тоа што имаме свои слабости, изјави лидерот на СДСМ во емисијата „Вин Вин“.

Заев најверојатно додека е фокусиран на обвинувања, заборава дека и изборите во 2011-та и оние во 2013-та тој и неговата партија ги признаа поразите и ја признаа волјата на мнозинството граѓани.

 

 

Оцени ја веста

06.03.2015 - 21:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега