Заев ја признава нечистата игра која ја играл со Верушевски

 

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, со јавното признавање на релевантноста на криптираните пораки со кој се комуницирало со Верушевски и неговиот потесен круг, практично ја признава намерната и нечистата игра зад која се крие сценарио со кое се загрозуваат државните интереси.

Заев претходно изјави дека на Верушевски им средувал виза за да избегаат во странство. Потоа призна дека со првоосомничениот во акцијата „Пуч“ имал тајни средби, подоцна ја потвдри автентичноста на шифрираните пораки, а на крај кажа и дека на Верушевски му купил компјутер, а планирал да му купи и автомобил.

Сега се поставува прашањето- доколку се правеле непрекршувајќи ги законите, зошто било потребно да бегаат од Македонија и да комуницираат со шифри? Дали Заев свесно штител криминал, па помагајќи бил и директен учесник?

Никој нормален и чесен граѓанин нема потреба да користи шифри при комуникација со семејството, ниту пак да планира бегство.

Со самото користење на ваквите пораки  се укажува на тоа дека и Верушевски, но и Заев кој бил дел од сето тоа и знаел за ваквата комуникација, се дел од мрежата која соработувала и прислушкувала со странските служби.

Низа пораки со кои семејството комуницирало меѓу себе се шифри, всушност откриваат дека станува збор за матна игра.

Денес и премиерот Никола Груевски  посочи дека никој кој работи според законите нема да комуницира на ваков начин.

Тој посочи  дека лидерот на СДСМ Зоран Заев „мртов ладен“ признал во телевизиско интервју дека било нормално во семејството да се допишуваш со шифрирани пораки наместо со букви и зборови со бројки.

-Тоа го говори за човекот за кој до пред некое време тврдеше дека не го познава, дека нема контакти со него, а сега веќе знае како тој и жена му се допишуваат и тоа го смета за сосема нормална работа и го оправдува пред јавноста. Човекот кој на неговото семејство му купил компјутер и кој се подготвувал да купи и автомобил, ама ете според него за несреќа не се случила таа работа. Ќе видиме времето ќе покаже дали се случила или не. Целата ситуација станува помалку и смешна. Колку повеќе Заев излегува на телевизија, толку повеќе се разобличува самиот себе си од лагите и интригите во кои самиот се вовлече заедно со луѓето кои што го подготвуваат ова за него, нагласи премиерот Груевски.

Признавањето на точноста на шифрираните пораки отвора и друга димензија. Имено, во нив се говори за отпочнување на бизниси и купување на нов автомобил и компјутер, за што Заев призна и во интервјуто на Телма.

Тој призна дека на синот на Верушевски купил компјутер, а имал и намера да купи и автомобил бидејќи Верушевски го заслужил тоа како патриот. Додаде дека автомобилот  ќе служела тој да избега од државата бидејќи со стариот автомобил, немало да може да премине граница.

bbbraniteliii

Сите се шокирани од фактот што Заев јавно кажува дека сакал на Верушевски да му купи автомобил бидејќи тој бил “патриот“. На тоа реагираа и бранителите од „Бедем“ кои го прашаа Заев дали и нив ќе им купи автомобили затоа што тие веќе се докажани како големи патриоти, кои со пушка во рака ја бранеа својата земја, а не соработувајќи со странски служби.

-Бидејќи ние сме патриоти кои својата чесна намера и патриотско чувство сме докажале во одбрана на Македонија, а не соработувајќи со странски служби како што тоа го правеле Верушевски и Заев, туку напротив, со пушка во рака ја браневме Македонија кога тоа беше потребно и сме докажале дека сме вистински патриоти, еве го повикуваме Заев да купи автомобили за сите бранители кои ја бранеа Македонија и сме го докажале својот патриотизам. Бидејќи Заев вели дека купил автомобил затоа што Верушевски бил патриот, а фактите покажуваат дека тоа е чиста лага, бидејќи човекот кој соработува со странски служби не е никаков патриот. На Заев ќе му кажеме илјадници патриоти кои го ризикувале животот за оваа држава. Доколку е искрен нека им купи автомобили на вистинските патриоти, кои дале се, а не побарале ништо, истакна претседателот на БЕДЕМ, Горан Димоски.

Тврдењето на Заев дека Верушевски бил патриот и затоа го наградил со автомобил е евтина фарса. Патриот никако не може да биде човек кој за пари соработувал со агентурни мрежи и организирал прислушкување работејќи против државните интерери.

 

 

Оцени ја веста

04.03.2015 - 20:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега