Заев тоне во жив песок - лидерот на СДСМ јавно се разобличи сo скандалозните изјави
Опозицискито лидер Зоран Заев во последното интервју на телевизија „Телма“ даде повеќе скандалозни изјави проследени со низа контрадикторности и нелогичности со кои самиот правно се дозакопа и јавно се разобличи, коментираат познавачите.
Во еден дел од гостувањето во емисијата „Топ тема“, Заев кажа дека не било важно кој прислушкувал, дури и Заев да прислушкувал како што рече, туку битна била содржината на разговорите и таму требало да се сврти вниманието.
- Темата веќе не е кој прислушувал. Темата е суштината на разговорите. Денеска ние можеме да кажуваме дека тие прислушувале, ние сме ги добиле тие материјали од такви луѓе. Тие можат да кажуваат дека биле странски служби , Заев, не знам кој.... Чувствуваат и тие, интелектуалците, знаат веќе, детално им е јасно се, само треба да ги слушнат снимките, без разлика тоа кој снимал, нека ги слушнат снимките. Значи Заев ги снимал граѓаните, Заев бе, еве Заев... Теоретски, Заев да се инфилтрирал во Петта управа на ДБК и ги снимал граѓаните, изјави Заев на Телма.
Ова за експертите и познавачите на состојбите преставува класично одбегнување на темата за соработка со странски служби, соработка со агентурна мрежа и начинот на која таа функционирала, како и загрозувањето на приватноста на граѓаните.
Опозицискиот лидер Заев праќа порака дека не е важно и јавноста не треба да се занимава со тоа што тој учествувал во соработката со странски служби од кои според негово лично признание и ги добил материјалите, дека треба да се заборави што двајца вклучени во целиот процес дадоа признание дека за пари вршеле и учествувале во процес на прислушкување кое е поврзано со агентурни мрежи.
За Заев не е важно што поседува разговори на 20 илјади граѓани како што самиот велеше и дека со тоа се загрозува приватноста на неколку илјади граѓани, но важна била содржината на разговорите.
Ваквиот очаен обид на Заев да не се зборува за овие факти доаѓа откако на очиглед на целата јавност се разобличи сценариото чија цел е загрозување на државните интереси и доаѓање на Заев на власт без избори.
Имено, Заев не само што правно се дозакопа со постоењето на експлицитни правни докази меѓу кои и признание од учесници во процесот, туку јавно се распрсна и разобличи целокупното негово сценарио за внесување на тензии и распродавање на државните интереси.
За ова денеска се огласи и премиерот Никола Груевски, кој посочи дека тезите на Заев се искривени, а тој се повеќе се чуствува како на тенок лед.
-Тоа е една нова теза која Заев ја исфрли на последното интервју, дека не било важно кој направил упад во државниот систем, не било важно тоа што била организирана агентурна мрежа, дека била вмешана странска разузнавачка служба, дека тој на некој начин е инструмент на таа служба, дека таа странска разузнавачка служба потплатувала свои соработници во Македонија, кои што дел од нив го признаа делото, дека биле потплатувани и дека работеле по нивни налог и дека добивале и спроведувале нарачки од таа страна. Тоа што државата била доведена во таква ситуација од странска разузнавачка служба, тоа што тој е сега нејзин експонент, тоа не треба да го гледаме. Никого не треба да го загрижува тоа што на тој начин се загрозува и приватноста на граѓаните. Тоа се навистина искривени тези и мислам дека се повеќе Заев се чуствува како на тенок лед, изјави Груевски.
Заев, кој очигледно е фатен во ќош сега врти нова страница и вели сега треба да не се гледа кој прислушкувал како да тоа не е битно, туку требало да се гледаат разговорите чија веродостојност уште не е потврдена.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа