Бесими заминува на „Спик ап!“ во Брисел
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, денеска во Брисел ќе учествува на конференцијата „Спик ап!2“ - Слобода на изразување и медиумите во Западен Балкан и Турција.
Како што најави Секретаријатот за европски прашања, предвидено е заменик претседателот на Владата да се обрати на конференцијата.