„Ало Козлина барај нова работа“ - Металург ги „шутна“ интернационалците

 

Тројцата интернационалци, Тихомир Додер, Миладин Козлина и Младен Ракчевиќ, се првите кои добија откази од Металург. Овие откази ги потврдија тврдењата дека клубот навистина има список со ракометари со кои ќе се збогува.

За Козлина одамна се зборуваше дека може да добие отказ од Металург, но, во март годинава тој го продолжи договорот со клубот кој предвидува соработка до 2015 година.

- Точно е дека ми се јавија од клубот и ми соопштија дека треба да си барам нова средина. Сепак, очекувам да ме повикаат на разговор, затоа што имам валиден договор и се надевам дека ситуацијата ќе биде разрешена коректно. Претседателот на клубот инсистираше да ставам потпис на договор до 2015 година и на двострано задоволство лесно се договоривме. Три месеци подоцна тие имаат друга политика, рекол Козлина за порталот „СИОЛ".

Додер, пак, минатата година дојде од Вардар во Металург за двојно повисока понуда од онаа што ја имаше. Откако Металург го освои домашниот Куп, најавија дека со Додер преговараат за негово останување.

Извор: Дневник

ФОТО: Екипа

најчитано сега