Словенија ги легализира истополовите бракови

Словенечкиот Парламент вечерва ги усвои измените на Законот за брак и семејство, со кои се легализараат истополовите бракови и тие добиваат исти права како хетеросексуалните, јави интернет изданието на љубљанскиот весник „Дневник“.

„За“ измените на Законот, што ги предложи опозициската партија Обединета левица (ЗЛ), се изјаснија 51 пратени, а 28 беа „против“. 

Ваквиот одлука на Парламентот не претставува изненадување, бидејќи претходно и најголемата партија во влaдината коалиција, Партијата на Миро Церар (СМЦ) и останатите левичарски партии изразија поддршка на законските измени. 

Претставникот на предлагачите на измените, пратеникот Матеј Ватовец изјави дека со нив бракот се дефинира како „заедница на две лица независно од нивниот пол“.

Словенија уште во 2006 година овозможи регистрација на истополови заедници, а во 2011 година ги легализираше браковите меѓу лица од ист пол. Меѓутоа одредбата за легализација на истополивите бракови беше отфрлена на референдум во март 2012 година.

Како што јави ДПА, се очекува противниците на истополовите бракови да побараат оценка на уставноста на најновите законски измени од страна на Уставниот суд, а можно е организирање и на нов референдум.     

Словенија, која е членка на ЕУ од 2007 година, стана првата поранешна југословенска република, која ги призна истополовите бракови.

 

 

Оцени ја веста

03.03.2015 - 22:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега