Балканот треба да се определи како ќе се снабдува со гас

Балканските држави треба да се определат во следните месеци како ќе се снабдуваат со гас откако за четири години ќе заврши договорот за транспорт на руски гас преку Украина, изјави денеска рускиот амбасадор во Белград Александар Чепурин, јави Танјуг. 

Чепурин на своето обраќање на конференцијата „Руски енергетски проекти на Балканот по Јужен тек“, изјави дека „Газпром“ има цврст став дека по четири години, откако ќе истече договорот за транспорт на гас преку Украина, рускиот гас повеќе нема да стига од таму во Европа. 

- Новата рута, заедно со Северен тек, ќе биде преку територијата на Турција, а конечната дестинација ќе биде на грчко-турската граница, нагласи Чепурин во Белград. 

Според него прелиминарен договор е да се изградат четири гасоводи, од кои првиот треба да биде завршен во 2016 година. 

- Гасот ќе оди преку јужна рута, низ Турција, ќе стигне до границата со Грција, и тогаш ќе се договара со ЕУ, објасни тој, додавајќи дека сега државите од Балканот треба да се определат како ќе се снабдуваат во иднина.

Според рускиот амбасадор неопходно е во следните неколку месеци да се определи како гасот ќе стигнува до крајните потрошувачи. Чепурин истакна дека е важно да се одредат три работи. Испораката да биде постојана, да се обезбедат потребните количини гас за регионот и да биде утврдена прифатлива цена, нагласи тој. 

Рускиот амбасадор предупреди дека моменталната сутуација во геополитичка смисла воопшто не е лесна за постигнување на тоа.

 

 

Оцени ја веста

02.03.2015 - 14:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега