Косово формира специјален суд за воени злосторства на ОВК

Косовскиот премиер Иса Мустафа денеска изјави дека властите во Приштина работат на документација која отвора пат за формирање на Специјален суд.

Судот ќе се занимава со злосторствата на Ослободителната војска на Косово и наводите од извештајот на известувачот на Советот на Европа, Дик Марти за убиствата и трговијата со органи од киднапираните Срби за време на војната во Косово.

- Екипа на експерти од косовските институции работи со Европската унија за усогласување на одредбите на законот за Специјален суд, статутот на судот како и измени на косовскиот Устав, кои треба да бидат донесени за да бидат донесени законот и статутот, истакна Мустафа во интервју за порталот „Газетаекспрес“.

Тој посочи дека Парламентот ќе ги разгледа и усвои документите во текот на март и април.

 

 

Оцени ја веста

02.03.2015 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега