Предвремената исплата на кредитот кон ММФ позитивен сигнал за инвеститорите

Предвремената исплата кон Меѓународниот монетарен фонд на кредитната линија за претпазливост за Македонија претставува позитивен сигнал за странските инвеститори и за домашните компании дека економијата е во добра кондиција и постои макроекономска стабилност, оценува извршниот директор на Сојузот на стопански комори Митко Алексов, пренесува МИА.

Тоа е особено важно, вели Акексов, ако се има предвид дека многу земји-членки на Европската унија не се во состојба редовно да ги сервисираат своите долгови и тешко добиваат одобрување за пролонгирање за враќање на долговите.

Според него, дополнителен позитивен сигнал е кредитниот рејтинг на Македонија од ББ+, односно нашето рангирање во земји со стабилна економија и умерено ниво на задолженост.

Македонија предвреме и во целост го исплати долгот кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). На 27-ми минатиот месец е префрлена и последната рата од кредитната линија за претпазливост, во вредност од 174 милиони долари. 

Со предвремената исплата заштедени се пет милиони евра на камати и курсни разлики, а подобрен е и имиџот на земјата зашто се намалени јавниот и државниот долг за 1,7 процентни поени.

Кредитот во износ од 312 милиони долари Македонија го зеде во 2011 година, а почна да се враќа кон средината на 2014-та. Последната рата е исплатена со средства од девизните резерви.

 

 

Оцени ја веста

02.03.2015 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега