ВМРО ДПМНЕ: СДСМ ќе остане запаметен како партија која работела против интересите на Македонија
Зоран Заев и СДСМ се единствената политичка партија која ќе останат во колективното паметење на Македонија и македонскиот народ дека работеле спротивно на државните интереси и против својот народ, соработувајќи со странски центри.
Единствената цел на Зоран Заев и СДСМ е да го наруши угледот на државата, да предизвика конфликти внатре во Македонија и се надева да ја добие власта без поддршката на граѓаните. Воопшто не ги интересира штетата која ја нанесуваат на граѓаните и на државата.
СДСМ и Зоран Заев се нервозни зошто се фатени на очиглед на целата јавност како соработници на странски центри и се заплеткани во туѓи сценарија. Зоран Заев и самиот повеќе пати се фати во лага и призна дека соработува со странски центри.
СДСМ се нервозни, жолчни и јадни зошто знаат дека македонскиот народ нема да игра по сценариото на странските центри. Таа улога ќе ја има само СДСМ.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа