Анкета на ИРИ: Груевски 18% - Заев 3%
ВМРО-ДПМНЕ со убедлива предност пред СДСМ на последната анкета на американскиот републикански институт со седиште во Вашингтон. Press24 од свои извори дојде до последната анализа на јавното мислење според која ВМРО-ДПМНЕ убедливо води со 26% доверба меѓу граѓаните, наспроти политичкиот опонент СДСМ во кого веруваат само 10% од анкетираните.
Интересно е што СДСМ е на третото место според довербата во политичките партии бидејќи во ДУИ веруваат 11% граѓани, наспроти ДПА во кого доверба имаат 5%.
Меѓу лидерите на политичките партии премиерот Груевски е со убедливо најголема доверба. Во него веруваат 18% од анкетираните граѓани, наспроти Заев кој има доверба кај само 3% од народот.
Заев е последен меѓу политичките лидери бидејќи пред него се и Ахмети со 7% и Тачи со 4% доверба.
За најзначајните општествени теми, интересно е дека и покрај сите напори на опозицијата за деградирање на владините политики и серијата протести, ВМРО-ДПМНЕ има рекордни два ипол до 3 пати поголема предност пред СДСМ.
На прашањето кој подобро би се справил со корупцијата за ВМРО-ДПМНЕ доверба дале 29% а за СДСМ само 6%.
Политиката на ВМРО-ДПМНЕ за прашањето за името ја одобруваат 28% наспроти онаа на СДСМ во која веруваат само 11%.
28% од граѓаните одговориле дека ВМРО-ДПМНЕ води добра политика кон НАТО и ЕУ наспроти СДСМ за кого истото го сметаат 12% од граѓаните.
29% наспроти 9% е предноста на ВМРО-ДПМНЕ кога станува збор за обезбедување на владеењето на правото, а во областа на безбедноста предноста на ВМРО-ДПМНЕ е 33% наспроти 10% за СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ убедливо води и на прашањата од меѓуетнички карактер во сооднос 28% наспроти 6%.
Водство на партијата на Груевски и во водењето на локалната самууправа во сооднос која надминува 3:1, односно 33% за ВМРО-ДПМНЕ наспроти 9% за СДСМ и Заев кој е градоначалник наСтрумица
Големо водство на владејачката партија и кај она што најмногу ги интересира граѓаните, решавање на прашањето на невработеноста. Огромни 32% имаат доверба во Груевски и ВМРО-ДПМНЕ наспроти само 9% кои го подржуваат СДСМ
Граѓаните ценат дека ВМРО-ДПМНЕ е најактивна парија помеѓу народот
На прашањето која партија е најактивна во населените места резултатите се следни
ВМРО-ДПМНЕ 52%
СДСМ 7%
ДУИ 16%
ДПА 5%
Граѓаните со најголема поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и на прашањето која партија најнапорно работи за граѓните
ВМРО-ДПМНЕ 32%
СДСМ 9%
ДУИ 12%
ДПА 5%
Најновата анкета на американскиот меѓународен републикански институт ИРИ со седиште во Вашингтон која денеска им е презентирана на политичките партии е спроведена во периодот од 9 до 15 декември минатата година врз репрезентативен примерок од 1.105 испитаници
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа