Вечерва врие на Бихаќка: Дел од членството го нападна Заев
Вистински хаос вечерва владее на Бихаќка откако излезе пресудата на која јасно се гледа дека Верушевски нарачувал прислушувања на голем дел од луѓето кои тогаш беа во раководството на партијата. Од Заев се бара одговорност, зошто имињата на Бранко Црвенковски, Наташа Савова и Радмила Шеќеринска се наоѓаат на списокот броеви за кои Верушевски барал прислушување на телефонските разговори. Наши извори од партијата велат дека актуелното раководство ветувало дека овие разговори нема да излезат во јавноста иако не можеле да гарантираат дека се единствените кои располагаат со нив.
Нервозата кулминирала кога дел од приврзаниците на поранешниот лидер го обвиниле актуелниот дека ги користел прислушуваните разговори за да дојде на чело на партијата.
Интересно е што по доаѓањето на Заев во претседателската канцеларија на СДСМ вечниот лидер Црвенковски се повлече од јавниот живот а заедно со него и Наташа Савова чиј телефон исто така бил ставен на слушање од агентите на Верушевски.
Инаку денеска медиумите ја објавија пресудата за Зоран Косотвски, еден од обвинетите во акцијата Пуч, кој се спогоди со Обвинителството да одлежи три години затвор и да го признае делото. Тој пред судот прецизно објаснил како прислушувал за Верушевски и странските служби и ги навел и имињата на лицата за кои од него се барало да бидат прислушувани.
Во СДСМ се погласно се зборува дека се готви простор за враќање на Црвенковски, а нашиот извор вели дека најпогоден момент за тоа би се отворил во случај кога Заев би добил затворска казна за прислушувањето, што според него е се поизвесно.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа