Груевски: Државата се грижи за функционалноста на безбедносниот систем
Премиерот Никола Груевски на денешната прес-конференција објаснувајќи дали безбедносниот систем е под сериозна закана и е провален, рече дека државата се грижи за функционалноста на безбедносниот систем.
-Како и во секоја друга земја обиди за такво нешто постоеле и ќе постојат, и сите земји се соочуваат со тоа и работат на превенирање. Државата се грижи за функционалноста на безбедносниот систем и најдобар одговор на ваквиот вид обиди е токму оваа реакција на институциите и покренување на процесните дејствија за расчистување и расветлување на околностите поврзани со овој случај, истакна тој.
И во Германија па дури и во Америка, наласи Груевски, имаше ваков пробив на безбедносниот систем, но како што посочи во Македонија се реагирало соодветно и дека е многу важан фактот што лицата кои тоа го направиле се веќе фатени.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа