Еверс: Вложувањето во Македонија е голем чекор кој ќе ни овозможи проширување на бизнисот

Околу 2.000 нови вработувања најави американската компанија „Гентерм" која денеска беше во посета на Општина Прилеп. Како што соопшти денеска директорот на компанијата Јорк Еверс, во првата фаза е предвидена изградба на објект од 6,5 илјади метри квадратни и вработување на илјада лица.

Фабриката треба да профункционира од октомври годинава. Ќе се произведуваат клима уреди и појаси за автомобили, а пласманот ќе се реализира на европскиот пазар кај купувачи како бентли, рено, бмв, порше, фиат...

- Достапноста на едуцираната работна сила и одличните инвестициски можности беа причините поради кои ја одбравме Македонија. Во игра беа вкупно пет земји од Југоисточна Европа, но по деталните анализи констатиравме дека Македонија е најдобриот избор, нагласи Еверс.

Според него, за Гентерм вложувањето во земјава е голем чекор што ќе им овозможи проширување на бизнисот во Европа.

Според градоначалникот Марјан Ристески, инвестицијата е значајна за подобрување на економијата во Прилеп и за намалување на невработеноста. Во текот на изградбата, посочи, ќе се овозможи и работа за домашни градежни фирми, а кога ќе биде изградена ќе има соработка со локални фирми од услужната дејност.

 

 

 

Оцени ја веста

25.02.2015 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега