Во март најголемо затемнување на Сонцето во последната деценија!

На 20-ти март ќе дојде до затемнување на Сонцето, кое што ќе биде најголемото затемнување во последните 16 години. Месечината тој ден ќе се најде помеѓу Земјата и Сонцето, што ќе предизвика голема сенка, а најмногу ќе биде затемнето на северот на Стариот континент.

Тој ден на 20-ти март тотален мрак од две минути ќе има на северот на Скандинавија и Фарските острови, најавуваат астрономите.

Делумно затемнување ќе има во Европа, Северна Африка и Русија, а како што прецизираат научниците, минувањето на Месечината помеѓу Земјата и Сонцето ќе трае околу 90 минути.

На Балканот се очекува 50-процентно затемнување. Овој астрономски феномен ќе започне на 20-ти март во 09:45 минути а ќе трае до 11:41.

Последното големо затемнување се случи на 11-ти август 1999 година.

Како ќе изгледа помрачувањето на 20 март над Македонија можете да погледнетеТУКА.

 

 

Оцени ја веста

25.02.2015 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега