Земавте хонорар овој месец? Еве како и во кој рок мора да го пријавите во ПИОМ

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, се утврдуваат категориите на обврзниците кои од 1 јануари 2015 година имаат обврска за плаќање на придонес за пензиско и инвалидско осигурување и придонес за здравствено осигурување за приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа врз основа на договор за дело и/или авторски договор, или друг договор со кој е определен надоместок за извршената работа.

Обврската за плаќање на придонес за пензиско и инвалидско и здравствено осигурување се однесува за примените (исплатените) надоместоци по договорите почнувајќи од 1 јануари 2015 година.

Лицата кои се обврзници за уплата на придонесите, сами за себе (вработени, пензионери и невработени лица) се должни да достават Пријава за износот на примениот надоместок по основ на договор за дело и/или авторски договор или друг договор до Фондот на ПИОМ во рок од 5 дена од приемот на надоместокот.

Пријавата можете да ја данлодирате тука

 Пријавата ја доставува:

 Лице кое покрај примања од работен однос, самовработување или пензија (вработенo лицe или пензионер), остварува и приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа, врз основа на еден или повеќе договори за дело и/или авторски договори или други договори со кои е определен надоместок за извршената работа, доколку вкупниот нето износ на приходите по тој основ е повисок од износот на просечната нето плата за претходната година објавена од Државниот завод за статистика.

Лице кое остварува приходи од извршување на физичка или интелектуална работа(невработенo лицe), врз основа на еден или повеќе договори за дело и/или авторски договори или други договори со кои е определен надоместок за извршената работа, доколку вкупниот нето износ на приходите по тој основ е повисок од износот на минималната плата утврдена со закон.

При поднесувањето на пријавата за  договор за дело и/или авторски договор или друг вид на договор, лицата е потребно да ја достават следната документација:

Копија на трансакциска сметка

Копија на лична карта или лична карта на увид

Копија од банкарски извод на примени средства

Овластување од физичкото лице

Список на лицата за кои се поднесува пријава (ако се поднесува пријава за повеќе од едно лице)

*Табела за условите и обврските на лицата кои остваруваат приходи врз основа на договор за дело, авторски договор и друг вид договор

Категории на лица кои се должни да достават пријава во ФПИОМ

Услов за плаќање на придонес

Основица за пресметка на придонес

Обврска за поднесување на Пријава  

Обврзник за плаќање на придонесот и  МПИН

вработени/пензионери 

Износ на разликата меѓу нето надоместокот и просечната нето плата која изнесува 21.300 денари

остварен приход намален за износот од условот 21.300

да

Физичкото лице а МПИН изготвува ФПИОМ

невработени

Износ на разликата меѓу нето надоместокот и минималната плата која изнесува 9.590 денари

остварен приход намален за износот од условот 9.590

да

Физичкото лице а МПИН изготвува ФПИОМ

 

УПАТСТВО ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА

Лицата кои се обврзници за уплата на придонесите сами за себе, се должни да достават пријава за износот за примениот надоместок по основ на договор за дело и/или авторски договр или друг договор до Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, најдоцна во рок од 5 дена по приемот на надоместокот.

Пријавата ја доставува:

Лице кое покрај примања од работен однос, самовработување или пензија (вработено лице или пензионер), остварува и приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа, врз основа на еден или повеќе договори за дело и/или авторски договори или други договори со кои е определен надоместок за извршената работа, доколку вкупниот нето износ на приходите по тој основ е повисок од износот на просечната нето плата за претходната година објавена од Државниот завод за статистика.

Лице кое остварува приходи од извршување на физичка или интелектуална работа (невработено лице), врз основа на еден или повеќе договори за дело и/или авторски договори или други договори со кои е определен надоместок за извршената работа, доколку вкупниот нето износ на приходите по тој основ е повисок од износот на минималната плата утврдена со закон.

 

1.ОПШТИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДНОСИТЕЛОТ НА ПРИЈАВАТА

 1.1 Име (впишете го името на лицето  за кое се доставува пријавата)

1.2 Презиме (впишете го презимето на лицето за кое се доставува пријавата)

1.3 ЕМБГ  (впишете го матичниот број на граѓанинот, за кого се доставува пријавата)

1.4 Државјанство

1.5 Трансакциска сметка (впишете ја сметката на подносителот на пријавата)

2.ПОДАТОЦИ ЗА КОНТАКТ

2.1 - 2.6 (податоците за контакт се однесуваат за лицето кое се доставува пријавата)

3.ПОДАТОЦИ ЗА ПРИМЕНИОТ НАДОМЕСТОК

Износ на примен нето надоместок

(се внесува износот на примениот нето надоместок за извршената работа)

Датум кога е примен надоместокот.

(се внесува датумот кога е примен надоместокот на сметката на подносителот на Пријавата).

Назив на исплатувачот на надоместокот

 се внесува називот или името и презимето на исплатувачот на  надоместокот)

ЕДБ/ЕМБГ на исплатувачот на надоместокот

 

4.ПЕРИОД ЗА КОЈ СЕ ОДНЕСУВА ПРИМЕНИОТ НАДОМЕСТОК

 Се пополнува периодот за кој се однесува примениот надоместок

 

5.СТАТУС НА ПОДНОСИТЕЛОТ НА ПРИЈАВАТА

5.1- 5.3 (подносителот на Пријавата е должен да избере еден од трите статуси)

* Пријавата за износот за примениот надоместок по основ на договор за дело и/или авторски договр или друг договор, може да се подигне и на шалтерите во филијалите и деловниците на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија.

 

 

 

 

Оцени ја веста

24.02.2015 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега