Воениот оркестар на АРМ вечерва пред стружани

 

Вечерва Воениот оркестар на Армијата на Република Македонија ќе одржи промотивен концерт на плоштадот во Струга, каде што претходно низ центарот ќе продефилира заедно со припадниците на Баталјонот за почести.

На едночасовниот концерт ќе бидат изведени нумери од познати светски автори, обработени за оркестарска изведба. Со концертот ќе продолжи проектот за соработка со локалната самоуправа и доближување на Армијата до граѓаните за да се зајакне цивилно-воената соработка и во градовите во кои АРМ нема гарнизони.

Како што соопшти Генералштабот на АРМ, пред концертот гардистите на АРМ ќе ја изведат точката ЕГЗИРЦИР со која ќе демонстрираат висока строева извежбаност во работа со пушка.

ФОТО: Нова Македонија

најчитано сега