Заеднички активности на стопанските комори од регионот за поголема конкурентност

Јакнење на деловниот сектор, интензивирање на соработката особено меѓу извозно-ориентираните компании, поттикнување на инвестициите во производството и модернизација на постојните индустрии, се приоритетите на бизнис заедниците од регионот  преку кои, како што беше речено денеска на прес-конференција во Стопанската комора, заеднички ќе работат на зголемување на конкурентноста како услов за успешен пробив и сигурен пласман на светските пазари.

Во фокусот на компаниите од балканските земји ќе биде и креирањето нови брендови, како и промоција на економските потенцијали.

- Економиите од 11-те земји во регионот имаат различно ниво на стопански развој, но сите имаат потреба од поголема конкурентност поради острата борба на европскиот и светските пазари. Во оваа смисла, многу е битно како ќе се позиционираат и со какви производи ќе настапат, истакна Билјана Пеева Ѓуриќ, директор на стручната служба во Комората.

Според нејзиниот колега Борис Тримчев, конкурентноста бара големи структурни промени, многу време и заедничко ангажирање на сите засегнати страни.

- Исклучително битни фактори се и микро-конкурентноста, на ниво на претпријатија, поволната бизнис клима која поттикнува воведување нови производи и процеси, инвестициите, зголемувањето на продуктвноста, како и почнувањето на економските активности поврзани со коридорите 8 и 10. Притоа, освен ангажирање на сите засегнати страни, неопходни се и реформи во образованието и постојани обуки,  истакна Тримчев.

Минатата година Македонија реализира 3,5 милијарди долари од размената со земјите во регионот што е 29 проценти од вкупната размена.

Асоцијацијата на балкански комори чие претседателствување го презема Стопанската комора на Македонија, деновиве во Скопје, на редовното собрание, 2015-та ја прогласи за година на конкурентноста. 

 

 

Оцени ја веста

23.02.2015 - 16:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега