Лани активни 70.659 фирми - најмногу во трговијата

Бројот на активни  деловни субјекти во Македонија минатата година изнесувал 70.659, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Најголемо учество имаат секторите „трговија на големо и трговија на мало“ и „поправка на моторни  возила и мотоцикли“, со 24.674 субјекти или 34,9 проценти и „преработувачката индустрија“ со 7.675 субјекти или 10,9 проценти. Најмала застапеност, пак, е регистрирана во секторите „рударство и вадење камен“ каде имало 180 субјекти или 0,3 проценти и  „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“, 151 субјект или 0,2 проценти.  

Според бројот на вработени, најголемо учество, од 85,2 проценти, имаат фирмите со 1 до 9 вработени. Потоа, со 5,4 проценти, следат деловните субјекти без вработени или субјекти со неутврден број вработени (без податок за вработени), па фирмите со 10 до 19 вработени,  со 4,4 проценти. Со 20 до 49 вработени во 2014 година биле 2,6 проценти од деловните субјекти,  1,8 проценти се фирми со 50 до 249 вработени, а само 0,3 проценти над 250 вработени, говорат податоците на Статистика.

 

 

Оцени ја веста

23.02.2015 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега